Книга: Копилето од Истанбул

Книга: Копилето од ИстанбулВо „Копилето од Истанбул“, Елиф Шафак, една од најистакнатите современи турски писателки, го отсликува турбулентното минато на својата земја во јасна и сликовита приказна што се одвива во Турција и во Америка.

Книга: Копилето од ИстанбулЦентралното место го има „копилето“ од насловот, Асја, деветнаесетгодишна девојка што ги обожава Џони Кеш и француските егзистенцијалисти, и четирите сестри во фамилијата Казанџи што живеат под ист покрив во Истанбул: Зелиха, мајката на Асја, бунтовната и своеглава најмала сестра што држи салон за тетовирање; Бану, која неодамна ја открила „гатачката“ во себе; Џеврие, вдовица и наставничка по национална историја; и Фериде, хипохондрик опседната со неизбежни катастрофи; нивната строга мајка, и нивната баба што тоне во заборавот на Алцхајмеровата болест.

Нивниот единствен отуѓен брат живее во Аризона со жена си и нејзината ќерка Армануш, Ерменка по татко. Армануш тајно лета во Истанбул во потрага по сопствениот идентитет и остатоците на тешкото семејно минато, и бргу се спријателува со Асја. Со доза на мистицизам, се расветлува долго чуваната тајна што ги поврзува овие две фамилии уште во далечната 1915 година.

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

Полна со живописни незаборавни ликови, „Копилето од Истанбул“ е храбра, моќна приказна што ја вивна Шафак на врвот на светската книжевна сцена.

„Прекрасна замисла… овој неверојатен роман просто ме одведе. А кога се вратив, реалноста повеќе не беше иста“. Чикаго Трибјун

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на „Проектот Лазарус“ се:

1. Марија Воданова
2. Влатко Костадиновски
3. Марија Стојковска

- Реклама -