Книга: Енциклопедија на мртвите

enciklopedija_na_mrtvite500Девет исклучителни приказни ја сочинуваат оваа сложена и прекрасна книга, формирајќи лавиринт од двете вечни теми на книжевноста: љубовта и смртта. Енциклопедија на мртвите е големото ремек-дело со кое Данило Киш ја достигна својата светска слава како еден од најоригиналните автори на постмодернизмот. Секој од деветте незаборавни раскази во оваа збирка е засебен микрокосмос во кој авторот се обидува да извлече смисла од апсурдот на секојдневното живеење исполнето со страдање, насилство и осаменост.

enciklopedija_na_mrtvite500Девет исклучителни приказни ја сочинуваат оваа сложена и прекрасна книга, формирајќи лавиринт од двете вечни теми на книжевноста: љубовта и смртта. Енциклопедија на мртвите е големото ремек-дело со кое Данило Киш ја достигна својата светска слава како еден од најоригиналните автори на постмодернизмот. Секој од деветте незаборавни раскази во оваа збирка е засебен микрокосмос во кој авторот се обидува да извлече смисла од апсурдот на секојдневното живеење исполнето со страдање, насилство и осаменост.

Преку заедничките теми, Енциклопедија на мртвите може да се чита не само како збирка раскази, туку и како роман за парадоксите на живеењето во Источна Европа. Ако целта на книжевноста е да се осмисли животот, тогаш Данило Киш со оваа книга ја постигнува таа благородна цел и ни нуди неповторливо книжевно искуство.

Данило Киш е едно од најголемите имиња на југословенската и српската книжевност од втората половина на 20. век. Роден е во Суботица на 22 февруари 1935 година како дете на Едуард Киш, унгарски Евреин, и Милица Драгичевиќ, Црногорка. До 1942 г. живее со своите родители во Нови Сад, каде што го започнува образованието, а потоа преминува во Унгарија, во татковиот крај, каде што го завршува основното образование и две години од гимназија. По депортацијата на неговиот татко во Аушвиц во 1944 г., со остатокот од се мејството заминува во Цетиње со посредство на Црвениот крст. Таму Киш живее до крајот на своето школување. Во 1954 година се запишува на Филозофскиот факултет во Белград, а потоа и на катедрата по општа книжевност, како прв студент во 1958 г. Бил венчан два пати – со Мирјана Миочиновиќ од 1962 до 1981 година, а по разводот живеел со Паскал Делпеж сè до својата смрт. Починал на 15 октомври 1989 година во Париз, каде што одредено време се лекувал.

Својот прв роман, „Псалм 44“, Киш го објавува во 1955 година а првото позначајно прозно дело „Градина, пепел“ во 1965 г. Романот „Песочен часовник“, објавен во 1972 го дина, му го донесува и првото признание – наградата за најдобар роман на весникот НИН, која Киш подоцна ја враќа. „Гробница за Борис Давидовиќ“, едно од неговите најпознати дела, го објавува во 1976 година во Белград и Загреб, но веднаш добива напади и обвинувања за плагијат. Нападите траат со месеци, но сепак критиката најпосле го прифаќа делото, и во 1977 г. Киш ја добива наградата Иван Горан Ковачиќ. За збирката „Енциклопедија на мртвите“ во 1984 г. го добива Андриќевото признание, а во 1986 г. и наградата Скендер Куленовиќ. Во 1988 г. Киш е избран за дописен член на Српската академија на науките и уметностите, а се стекнува и со две значајни меѓународни признанија: Premio de Trevere во Италија и Preis des Literaturmagazins во Германија. Американскиот ПЕН во 1989 година му ја доделува наградата Bruno Shulz.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на „Откријте ја својата судбина“ се:

1. Николова Гордана
2. Далиборка Кузманова
3. Магдалена Глигорова

- Реклама -