Оваа збирка раскази содржи дванаесет мајсторски напишани приказни кои зборуваат за животот на луѓето од Латинска Америка во Европа. Мешајќи ги егзилот, чувството на загуба и комичните ситуации, Маркес создава еден специфичен амалгам на меланхолија, тврдоглавост, тага и надеж, доловен преку лирската емотивна нота на раскажувањето и невообичаените магични заплети.

Траги-комичните ликови, како Маргарито Дуарте кој половина век чека да го види Папата, старата бразилска проститутка Марија Дос Празерес која станува опседната со стравот од смртта, или сиромашниот Хомеро кој се надева дека ќе успее да излаже еден стар и болен политичар, се поставени помеѓу приказните за самоубиства, грозоморни злосторства и апсурдна смрт. На тој начин Маркес ја остварува својата препознатлива поетика на создавање на еден чудесен свет, кој во исто време е и прекрасен и ужасен.
Еве што напишаа дел од светските медиуми за оваа книга:
Секоја од овие приказни е фасцинантна и незаборавна на свој начин. Маркес ја замисли и ја создаде оваа книга како антологија на сопственото творештво.
The New York Times Books Review
Гарсија Маркес во најдобро издание. Со надреалистички мотиви и магични слики, тој ја слика реалноста, истовремено тажна и комична, на еден неповторлив начин.
L. A. Times Book Review
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на книгата 399 се:
– Силвија Тасеска
– Кристина Трпковска
– Александар Младеновски