Кога светски познатиот харвардски криптолог Роберт Ленгтон ќе биде повикан во Швајцарската истражувачка постројка за да го анализира таинствениот симбол – врежан на градите на убиениот физичар – тој открива докази на незамисливото..
Кога светски познатиот харвардски криптолог Роберт Ленгтон ќе биде повикан во Швајцарската истражувачка постројка за да го анализира таинствениот симбол – врежан на градите на убиениот физичар – тој открива докази на незамисливото: повторно оживување на древното тајно братство на илуминатите, најмоќната подземна организација уште од настанувањето на светот. Сè упатува на тоа дека неминовно се ближи часот на конечната пресметка на ова братство воскреснато од Светиот стол…
Впуштајќи се во френетична потрага низ запечатени скрипти, опасни катакомби, напуштени катедрали, па дури и во најтајниот трезор на светот, Ленгтон и Ветра ја следат 400 години старата Патека на просветлувањето, создадена од древни симболи, која се извива преку Рим сè до одамна заборавеното дувло на илуминатите, таинствена локација каде што можеби се крие шансата за спас на Ватикан.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на книгата Камен на трпение се:
– Клаудио Ходеј
– Надица Богдановска
– Ана Бошњак