Обидувајќи се да го прикаже животот, не со објаснување, туку без шминка, онаков каков што навистина е, овој писател, еден од најкултните на париската книжевна сцена, ни ја раскажува приказната за парискиот монден Октав Паранго.

Октав Паранго, ненадминат првак во креирањето на рекламни слогани, поминува низ лош период во животот. Неговиот талент страда од претерување во консумирање на кокаин, трошење на пари, лесни девојки и непроспиени ноќи. Живеејќи ја современоста докрај, овој млад човек ќе се најде во вртлогот на животот, решавајќи да застане за миг и да се обиде повторно да го најде вистинскиот пат, да ги состави растурените делчиња од неговиот мозаик наречен живот, притоа, на духовит начин согледувајќи го овој, истовремено, трагичен и комичен свет во кој (сме присилени да) живееме.
Ексцесивна критика или документарен пастиш, како и да ја доживеете оваа книга, нема да им одолеете на духовитите забелешки на сметка на светот во кој живееме, затрупан со рекламни спотови што ни ги диктираат животните идеали.
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на книгата Книга за бамбусот се:
– Бојан Темелкоски
– Елена Стоичкова
– Маја Тодоровска