„Владата на Северна Македонија стори сѐ што требаше, не само за вакцините туку и за да подготви здравствениот систем за вакцинација“, порача денеска регионалниотѕ директор на Светската здравствена организација за Европа – Ханс Клуге, во интервју за „Телма“. Доцнењето на вакцините, според него, се должи на глобалниот недостиг.
„Глобално има недостиг од вакцини. Вистина е дека Северна Македонија се запиша во КОВАКС механизмот, што е одлично, но сѐ зависи, прво – од достапноста на вакцините, значи од производство на вакцини, и второ – договорот кој треба да се потпише со УНИЦЕФ. Владата на Република Северна Македонија стори сѐ што требаше, не само за вакцините, туку и за подготвеноста на здравствениот систем, да обезбеди соодветна обука и опрема. И нарачката за Северна Република Македонија веќе е направена, затоа сега е прашње на недели. Во контакт сум со седиштето на УНИЦЕФ како и со регионалната канцеларија за да се стори сѐ што е возможно да се забрза процесот“, рече Клуге.
Тој потенцираше дека нарачаката е направена и комплетирани се финансиските и административни процедури, а потенцираше и дека е во постојан контакт со министерот за здравство Венко Филипче.
„Системот е подготвен, од страна на државата е направено сѐ што треба, но она што треба да го знаеме е да се има уште малку трпение, да се почитуваат мерките за јавното здравје“, порача регионалниот директор на СЗО за Европа.
Според Клуге, решение за недостигот на вакцини е единствено зголемување на производството од страна на производителите, а единствено оружје против вирусот е солидарноста на земјите.
„Солидарноста засега е единственото оружје против вирусот. Непријателот е вирусот. Посветени сме на солидарноста. Секоја држава се бори. Точно е дека имаме проблем и затоа е многу важно да се зголеми капацитетот на производство, бидејќи цел свет се соочува со овој недостаток“, рече тој.
„Владата на Северна Македонија стори се што треба не само за вакцините туку и за подготвеноста на здравствениот систем за вакцинација“, вели регионалниот директор за Европа на СЗО, Ханс Клуге во интервју за Телма. Погледнете го целото негово интервју на Топ тема. pic.twitter.com/ozcixoOV2t
— Венко Филипче (@VFilipche) March 17, 2021