Во овие летни и топли денови, многу е веројатно меѓу намирниците во фрижидерот да чувате и „Вијагра“. Не, не зборуваме за лекот, туку за едно овошје со сличен ефект.
Станува збор за лубеницата. Во едно неодамнешно истражување се покажа дека цитрулинот – аминокиселина што ја содржи лубеницата, ја подобрува циркулацијата, што е голем плус за машката ерекција. Цитрулинот има важна улога и во производството на една друга аминокиселина во телото, а се работи за аргинин – чие дејство е многу слично со вијаграта.
Секс или не, лубеницата е непогрешлив избор за летните горештини. Содржи 92% вода, 8% шеќери и само 71 калорија по парче, а е одличен извор и на витамин Ц.