Јирген Клоп е горд на сториите кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид, но инсистира дека следната сезона останува во Борусија Дортмунд.
Се очекува „Специјалниот“ летоска да замине од Сантијаго Бернабеу, а медиумите шпекулираат со неколку имиња како можен наследник на Жозе Мурињо.
Еден од кандидатите е и Јирген Клоп, стратегот кој ја препороди Борусија Дортмунд и ги врати ’Милионерите’ на шампионски патеки.
Германецот вели дека е горд на сториите што го поврзуваат со преселба во Мадрид, но инсистира дека останува на Сигнал Идуна Парк.
„Ќе бидам тренер на Борусија Дортмунд и следната сезона, освен доколку клубот не реши да ми даде отказ” – рече Клоп.
„Горд сум што ме споменуваат како наследник на Мурињо во Мадрид”.
„Но сигурен сум дека следната сезона ќе бидам во Дортмунд”.
Текстот е објавен во соработка с0 24Фудбал.