Клиперс славеа во Сан Антонио

ЛА Клиперс делуваат подобро од било кога, предводени од Крис Пол и Блејк Грифин совладувајќи ги Спарси со 92:87, по што моментално со Мемфис го делат првото место во Западната конференција од НБА лигата.

Крис Пол беше најефикасен во победничкиот тим со 19 поени, со одлучувачки кош на 24,6 секунди пред крајот со кој Клиперс зголемија на 91:87.

Блејк Грифин постигна 16 поени дополнети со 12 скока, додека резервистот Мет Барнс заврши со 14 поени и девет скока. Во екипата на Сан Антонио Тим Данкан имаше најдобар учинок со 20 поени и 14 скока, Емануел Џинобили постигна 15 поени, а Тони Паркер 11 поени и шест асистенции.

Мемфис неочекувано загуби на свој терен од Денвер со 92:97, а една од причините е што им дозволија на гостите доминација во скокот (47:33). Во победничката екипа се истакна Данило Галинари со 26 поени, Кемет Фарид запиша 13 поени и исто толку скока, а Џавал Меги од клупата придонесе со 15 поени. Во редовите на Мемфис, Руди Геј постигна 22 поени, а Марк Гасол – 16.

- Реклама -