На второто книжевно младинско читање кое ќе се одржи во Europe House Скопје, на 1. март со почеток во 20 часот ќе се претстават четворица млади автори: Викторија Ангеловска, Драгана Стојадиновска, Дамјан Златановски и Софија Тодороска.
Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од мудрите изреки со кои се истакнува дека Порано младите биле подобри“, младите почнуваат со еден нов концепт на книжевни читања наречен „Клинци“. Секое издание тие не запознаваат со четворица млади автори кои штотуку влегуваат во книжевната сцена, не запознаваат со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба!
Своја изложба ќе има Бојан Звездаковски, а Модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски.