Климатските промени ги „топат“ воените бродови

iqfnlv6kaau22qyynij6[1]

Шестe британските воени бродови стационирани во Персискиот Залив сé повеќе се расипуваат, бидејќи водата е премногу жешка. Неодамна, членови на Британската Морнарица сведочеа пред британскиот Комитет за одбрана дека нивните Type 45 „дистројери“ губат сé повеќе моќ, како резултат на високите температури на океанот. Кога турбините на бродовите се прегреваат, тие не можат да генерираат исто толку енергија, што резултира во струјни прекини.

Производителите на милијарди долари вредните воени бродови, вклучувајќи го и Ролс Ројс, тврдат дека бродовите не биле дизајнирани за да бидат користени во таков вид на околина, а на подолго време, иако наводно се изградени за голем распон на температури, од суб-арктички до тропски.

Персискиот залив е многу плиток и заради тоа, водата таму апсорбира повеќе топлина отколку таа на отворениот океан. Згора на тоа, се наоѓа и во едно од најжешките места на Земјата. Температурата на водата редовно варира од 23.9 до 32.2 степени Целзиусови.

Треба да се напомене дека во овие исклучително топли две последни години, на исклучително топла планета, земјите од Персискиот Залив во последните неколку месеци се соочуваат со некои од најекстремните топлотни бранови што некогаш биле измерени во овие земји. Постои таканаречена „топлотна купола“ што се протега од Дубаи до Бејрут, која резултираше со вториот највисок топлотен индекс што некогаш бил измерен на Земјата. Со оглед на климатските промени, ова може да стане норма. Една понова студија покажа дека заради редовните, немилосрдни топлотни бранови, Персискиот Залив нема да биде соодветен за човечки живот веќе до крајот на векот.

Ова со бродовиве се добри вести, од аспект на тоа дека се баш такви какви што богатите влади треба да чујат. Ако нешто ги мотивира големите земји да преземат нешто околу климатските промени, тоа дефинитивно ќе биде моментот кога климатските промени ќе почнат да им пречат во ефективното убивање на други луѓе.

- Реклама -