Кличко ја одбрани титулата

Владимир Кличко ги задржа титулите во верзиите WBO, IBF и WBA, откако по 12 рунди надмоќ на рингот со едногласна одлука на судиите го совлада полскиот боксер Мариуш Вах.

Украинецот беше доминантен во секој поглед и му зададе многу силни удари на Вах, но полскиот боксер сепак успеа да ја заврши борбата на нозе. Единствено во петтата рунда Вах имаше предност, кога се закани со серија удари, но гонгот го спаси Кличко. Потоа тој силно возврати во седмата рунда.

До крајот на борбата, Владимир Кличко се задоволи со контролирање на противникот, знаејќи дека има голема бодовна предност.

Инаку, оваа борба ја најави Силвестер Сталоне, актерот што го глумеше легендарниот Роки и доби громогласен аплауз во арената во Хамбург.

- Реклама -