Клеопатра била грда?

kleopatra-2Се верува дека една од најпознатите двојки на светот, Марко Антониј и Клеопатра, не
биле ниту приближно толку убави колку што се прикажуваат на
холивудското платно.

_kleopatra-2Се верува дека една од најпознатите двојки на светот, Марко Антониј и Клеопатра, не биле ниту приближно толку убави колку што се прикажуваат на холивудското платно.

Имено, на паричката од 32-та година пред новата ера, Клеопатра не изгледа воопшто убаво – остар нос, тенки усни и шилеста брада. Ниту малку не наликувала на познатата глумица во филмот Клеопатра од 1963 година, Елизабет Тејлор. Марко Антониј, пак, чиј лик го играл познатиот глумец Ричард Бартон, имал сплескан нос и премногу дебел врат.

Во секој случај нивниот изглед не бил многу далеку од оној кој го опишал Шекспир во 1608 година.

"Римските писатели ја опишувале Клеопатра како многу интелигентна и харизматична жена со заводлив глас, но никаде не се споменува нејзината убавина", вели Линдсеј Алисон- Џонс , директорка на археолошкиот музеј. 

Стручњаците велат дека сребрената пара што е изложена во Универзитетот во Њукасл не е премногу вредна, но е многу интересна за колекционерите.

 

виа. 

- Реклама -