„Кјуриозити“ откри траги од течна вода на Марс

Новите податоци од роботот Curiosity покажуваат дека на Марс има вода и во течна состојба, а не само во глечерите.

Ова е чекор од епохално значење при пребарувањето на траги од живот на црвената планета, забележуваат светските новински агенции. Досега се сметаше дека нискиот атмосферски притисок на Марс значи дека водата поминува од цврста директно во гасовита состојба, без притоа да помине низ течна состојба.

Според најновите податоци, сепак до површината на планетата најверојатно има течен слој – за тоа зборуваат солите на перхлорат, кои ја намалуваат температурата на мрзнење, водата не се претвора во мраз, туку останува заситен солен раствор. Научниците се убедени дека во почвата на планетата има калциум перхлорат, кој ја презема водената пареа од атмосферата. Податоците сведочат дека такви услови се создаваат во текот на ноќта и веднаш по изгревањето на сонцето. При доаѓањето на темнината, пареата кондензира на површината. Хемиското соединение сепак формира солен раствор со вода и таа станува повторно течна. Овие траги од количества вода сепак не се доволни за да се одржи микробен живот, а силно променливите температури и високата радијација на црвената планета сепак ја прават животната средина непријателска за живите организми.

Според истражувањата пред 4,5 милијарди. години на Марс имало щест пати повеќе вода и густа атмосфера. Потоа речиси целата вода испарила во вселената поради отсуството на магнетни полиња.

Неодамна, истражувачите истакнаа дека во глечерите на Марс, скриени под дебелите слоеви прашина има над 150 милијарди коцки метри мраз.

Научниците од НАСА велат дека во длабокото минато речиси целата површина на северната хемисфера на Марс била покриена од океан.

- Реклама -