Кјуриосити на Марс пронајде необичен метеорит

Роботот Кјуриосити, кој вредно ја истражува површината на Марс,пронајде необичен метеорит од железо, прв од тој вид.

Ова парче метеорит е долго околу два метра, а е пронајден во предел на Марс кој што научниците го нарекуваат Либан.
Пронајдени се и две помали парчиња метал.

На сликите кои што ги направи Кјуриосити, се гледа парче од метал, чија што површина има многу необична текстура. Постојат повеќе објаснувања за тоа зошто изгледа така.

Научниците на НАСА велат дека најпрво е можно да се работи за ерозија на самиот метал. Може да се случи и шуплините кои што се сега видливи, некогаш да биле полни со кристали.

Метеоритите од железо се многу ретки и на Земјата ги имало само неколку.

- Реклама -