Ќерката на Витни Хјустон е бремена

267258_bobi-kristina-foto-reuter_f

Боби Кристина, ќерката на починатата пејачка Витни Хјустон, го чека своето прво дете со нејзиниот вереник Ник, посвоениот син на Витни.

Двојката ја објави својата свршувачка пред четири месеци, а сега наводно, според пишувањата на американските таблоиди, очекуваат и принова.

Пријателите на Боби Кристина се загрижени за неа бидејќи сметаат дека таа со нејзините 19 години се уште не е подготвена да биде мајка, како и дека се уште е депресивна поради шокот од смртта на нејзината мајка минатата година.

- Реклама -