Ќе се снима долгометражна верзија на „Трилер“

ТрилерПо смртта на Мајкл Џексон, тој заработи повеќе пари одошто имаше заработено во последната деценија. Па така, кога сѐ што некогаш било поврзано со неговото име се продава без прашање, некој решил да осквернави и едно од најзначајните музички видеа во историјата.

По смртта на Мајкл Џексон, тој заработи повеќе пари одошто имаше заработено во последната деценија. Па така, кога сѐ што некогаш било поврзано со неговото име се продава без прашање, некој решил да осквернави и едно од најзначајните музички видеа во историјата.

Мајкл ЏексонПред да се појави генијалното остварување на Мајкл Џексон, „Трилер“, музичките видеа во основа биле снимки од изведувачите пред камера, без некоја особена приказна. Откако светот го виде кусиот филм со добра приказна, одлична музика и, за тоа време, неверојатно добри ефекти, веќе ништо не беше исто. И иако оттогаш се снимени едно чудо добри музички видеа, никој не може вистински да каже дека го надминал првото музичко видео со приказна.

Сега, во интерес на заработката од трудот на Мајкл Џексон, видеото ќе биде осквернавено (и многу веројатно впечатокот за него ќе биде уништен) со снимањето на долгометражен филм со истата приказна.

Задолжен за филмот ќе биде Кени Ортега кој има долгогодишно искуство со овој жанр на филмови, а повеќепати работел и со Мајкл Џексон, вклучително и на филмот од 2009 година „Ова е тоа“, во кој се раскажуваат последните денови од животот на најголемата поп ѕвезда на сите времиња, кога тој го подготвуваше големиот проект со 50 концерти во Лондон, кој требаше да го означи неговото големо враќање на сцената. Но и покрај тоа, најголемиот дел од фановите на Мајкл остануваат скептични по однос на новиот „Трилер“. [Michael Jackson’s ‘Thriller’ Gets Feature-Film Treatment]

- Реклама -