Во обид да ги измерат температурите на поголеми длабочини во Северниот Леден Океан, научници побарале помош од нарвали. Нарвалите се вид на китови кои живеат во поларниот регион, и често нуркаат до големи длабочини. Некои од нарвалите кои биле опремени со сензори достигнале длабочина и над 1,6 километри.
Во обид да ги измерат температурите на поголеми длабочини во Северниот Леден Океан, научници побарале помош од нарвали. Нарвалите се вид на китови кои живеат во поларниот регион, и често нуркаат до големи длабочини. Некои од нарвалите кои биле опремени со сензори достигнале длабочина и над 1,6 километри.
Научниците прицврстиле сензори на китовите кои ќе им овозможат да добиваат податоци за температурата на водата на различни длабочини и покрај лошото време и мразот кои ги прават мерењата со традиционални направи невозможни. Китовите без никакви проблеми пливаат и се хранат во Заливот Бафин во близина на Западен Гренланд. Претходно научниците зависеле од долгорочни историски податоци базирани на просеци, и многу малку директни мерења.
„Природното однесување на нарвалите ги прави идеални за добивање мерења за температурата на водата за време на нивните длабоки вертикални нуркања. Целта на оваа мисија беше да се докаже дека овој метод може да функционира и дека податоците добиени од нарвалите можат да помогнат при правењето на големи хидрографски студии на Заливот Бафин, и да ја зголеми историската база на податоци со податоци за зимскиот период.“ изјавила Кристин Ледр од Центарот за Поларна Наука. Новите директни мерења кои доаѓаат од сензори поставени на китови им помогнале на научниците да ги пополнат големите дупки во нивните податоци. Тие откриле дека во просек нивните проценки за температурата на водата биле повисоки до еден степен од оние во климатолошките податоци.
Четиринаесет возрасни нарвали биле опремени со сензори кои го мереле точното време, длабочината и температурата на секое мерење. Кога нарвалите излегувале на површината на водата за воздух, податоците од сензорите биле испраќани преку сателит до научниците. Сензорите биле поставени според правилата од Универзитетот од Вашингтон кој ги штити животните кои се користат во истражувања. Секој сензор собирал податоци до седум месеци пред да отпадне од животното.
За истражувањето биле одбрани нарвалите од Заливот Бафин бидејќи тој регион е значаен во истражувањето за промена на климата поради големата концентрација на мраз и морски цицачи. Заливот во одредени делови е поширок од 800 километри. Тој се наоѓа во близината на Гренланд каде што се откршуваат големи парчиња мраз. Некои од парчињата се толку големи што научниците ги нарекуваат острови, како на пример Petermann B 2010. Површината на овој остров од мраз е проценета на 80 квадратни километри, и е доволно голем за на него да можат да слетуваат хеликоптери.
Овие џиновски парчиња мраз се топат и ослободуваат слатка вода, при што се нарушува балансот на слатка и солена вода, што спречува формирање на одредени типови на морска флора и фауна. Парчињата мраз можат да го попречат и циклусот на исхрана, бидејќи ја блокираат сончевата светлина која е неопходна за преживувањето на планктоните. Без планктони, нарвалите и другите видови кои живеат тука можат да искусат недостаток на храна. Големите острови од мраз исто така го гребат дното во некои делови, со што се изместуваат школки, морски ѕвезди и сè друго што ќе се најде на нивниот пат. „Сите овие организми се важни извори на храна за животните како фоки, китови и моржеви“ рекол еден од научниците. [Whales Help Measure Global Warming]