Колку пати досега сте сонувале за кино со кревет, наместо обични столчиња? Во Швајцарија сега сонот се остварува.
Од неодамна се отвори сала таканаречена ВИП спална соба со филмско платно, каде на располагање има 11 споени кревети со прекривки и перници.
ВИП билет чини нешто над 40 евра и во него се вклучени храна и пијалаци, додека обичен билет чини 17 евра. Со купувањето на ВИП билет исто така, нема потреба да чекате ред за грицки и пијалаци, туку само да одберете што сакате.
Покрај киното за возрасни има и кино за деца, опремено со потребните реквизити за децата да се чувствуваат удобно. Билетот за деца чини 14 долари.