Кингс ги декласираа Лејкерс

Изминатава ноќ во НБА лигата беа одиграни 14 натпревари, а вечерта ја одбележа победата на Сакраменто Кингс над ЛА Лејкерс со 113:97.

Победа забележа и шампион Мајами Хит кој беше подобар од Милвоки Бакс со 113:106, додека Окахома ги надигра ЛА Клиперс победувајќи ги со 117:111. Успешни беа и Сан Антонио, Хјустон, Далас, Голден Стејт…

Откако загубија на претходните пет мечеви, кошаркарите на Сакраменто Кингс ги шокираа ЛА Лејкерс кои и натаму играат со многу осцилации. Маркус Тортон ги предводеше Кингс со 23 поени, Еванс дополни 16 со шест асистенции, додека Џејсон Томсон постигна 13 поени и 10 скока.

На другата страна единствен расположен беше Коби Брајант кој постигна 38 поени, додека По Гасол и Двајт Хауард уфрлија заедно само 15 поени.

Мајами до победа над Милвоки (113:106) дојде по продолженијата. Шампионите на НБА до деветтата победа ги водеа Двејн Вејд и Леброн Џејмс со по 28 поени.

Мајами водеше и со 18 поени разлика, но во финишот на четвртиот период дозволи противникот да се врати во игра. На почетокот од продолжението направија серија од 6:0 а потоа не ги повторија грешките од регуларниот дел.

Тони Паркер го одигра мечот на сезоната во победата на Сан Антонио над Бостон од 112:100. Францускиот репрезентативец постигна 26 поени што му е рекорд оваа сезона, а дабл-дабл учинок имаше и Тим Данкан со 20 поени и 15 скока.

- Реклама -