Ако случајно мислевте дека кревањето фама околу неизлезените филмови е ствар на 21-от век и финта на модерен Холивуд, во тоа ќе ве разубедат пар детали околу Кинг Конг манијата, поточно маркетингот и промоцијата на римејкот на филмот со џиновскиот мајмун од 1933 година – King Kong, во продукција на Дино Де Лорентис, од 1976-тата.
Тоа беше пред 40 години. Америка славеше 200-годишнина, „Ајкула“ (Jaws) од 1975-та беше огромен блокбастер, а Star Wars излегуваше следната година. И ете, се појави Кинг Конг.
Новиот филм излезе со самоуверено мото: „Има само еден Кинг Конг“, кое подоцна фановите на оригиналот од 1933 го искористија како критика за римејкот, изразувајќи ја својата наклонетост кон оригиналот, алудирајќи дека „да, требаше да има само еден Кинг Конг“.
Во тој од 1976-та глумеа многу младата Џесика Ланг, Џеф Бриџис и Чарлс Гродин, а Лоренцо Семпл Џуниор го преработи сценариото за да одговара на диско декадата.
Во римејкот, Кинг Конг го открива нафтена експедиција, не филмска екипа. Откритието не се случува за време на Големата Депресија, туку во ерата на криза со електрична енергија. Конг, пак, се бори се хеликоптери, а не со старомодните авиончиња со дупли крила, а финалната битка ја води на кулите на Светскиот трговски центар, наместо на Empire State Building.
Ова е трејлерот за римејкот (ремастеризирана верзија):
Пристигнувањето на Кинг Конг во кината беше само дел од целосната маркетинг стратегија. Дел од неа беше и насловната во Time Magazine во октомври 1976-та, на која стоеше „Доаѓа Кинг Конг“, по што се случи и навала на играчки и друга тематска стока во продавниците.
Студиото Ideal извади лиценцирана Кинг Конг друштвена игра, а токму навреме за премиерата, Burger Chef промовираше чаши со слика од Конг.
Имаше и плишани играчки, „ланч“ кутии, карти за играње и разменување, а и вакви ствари (кои денес се ултра ретки):
Кинг Конг манијата всушност стана толку голема што дури и најновиот Годзила филм – Godzilla vs. Megalon извади плагијат постер кој го прикажуваше Годзила („вистинскиот крал на чудовиштата“) и неговите каиџу (јапонски жанр во кој џиновски чудовишта напаѓаат големи јапонски градови) непријатели како се борат на Кулите близначки. А во филмот, Годзила не доаѓа ни блиску до САД.
Еден од најчудните ама најдобрите примери за манијата е шишето на вискиот Џим Бим, чија етикета содржеше инструкции за подготвување на свој сопствен Кинг Конг Коктел. Коктелот се покажа како аперитив за Кинг Конг чоколатца, овие за Кинг Конг бонбони, и така до недоглед.
Многумина сметаат дека филмовите на Марвел или Војна на ѕвездите ја почнаа приказната за тесната љубовна врска на маркетингот и тематските производи. Кинг Конг протестира.