Кинески шеф ги однесе своите вработени на одмор кој ќе чини 33 милиони евра

Еден кинески билионер неодамна направи чекор кој несомнено ќе го доведе во конкуренција за најдобриот шеф на светот. Тој однесе половина од неговите вработени – над 6400 луѓе, на целосно платен деветдневен одмор во Франција, за да ја прослават 20-годишнината на компанијата. Се смета дека вкупните трошоци за одморот ќе достигнат околу 33 милиони евра, од кои 13 милиони ќе бидат потрошени во Париз, а 20 во Ница.

150511104229-03-france-china-tiens-group-holiday-super-169[1]

Ли Џинјуан, челникот на Tiens Group Company, резервираше соби во вкупно 140 хотели со три, четири и пет ѕвезди. Исто така направи резервации и на некои од најпопуларните туристички атракции, меѓу кои и музејот Лувр. Големата група, составена од кинески, руски и кениски работници, исто така отпатува и до Француската Ривиера, каде Ли Џинјуан резервираше 4.760 соби во 79 хотели во Кан и Монако.

7.si[1]

Во саботата, тој изнајми 147 автобуси за да ги пренесат вработените до нивните хотелски соби во Promenade des Anglais во Ница, каде потоа формираа човечки „синџир“ кои испиша „Tiens’ dream is Nice in the Cote d’Azur“ како знак на долгата соработка на компанијата и францускиот регион. Гинисовите претставници кои присуствуваа на церемонијата потврдија дека тоа е најдолгиот човечки ланец некогаш направен.

2877F47B00000578-0-image-a-8_1431166541776[1]

57-годишниот Џинјуан ја основа Tiens во 1995-тата. До денес, компанијата прерасна во интернационален конгломерат со свои бизниси во областа на биотехнологијата, здравството, е-трговијата, хотели и туризам. Француската агенција за развој на туризмот напорно работеше дури од Декември, со цел да го испланира одморот за персоналот на компанијата, кој патем веројатно ќе влезе во историјата како најскапото „тим-билдинг“ патување на сите времиња.

- Реклама -