Кинеска компанија прави 10 куќи на ден со 3D печатач

Постојат многу нешта што можат да се направат со 3D печатач. Сега на листата може да се додаде и „изградба на куќа за еден ден”, или на 10.

Користејќи 3D печатач и рециклирани градежни материјали, кинеската компанија WinSun Decoration Design Engineering Co. успеа да направи и да  состави 10 куќи за 24 часа, пишува Business Insider.

 

Ова не е прв обид да се користи 3D при изработка на големи структури за кратко време. Претходно овој месец во Амстердам исто така, започна изградбата на куќа од материјали произведени на 3D печатач. Куќата е направена од пластични тули кои се закачени една кон друга на принципот на Lego. Материјалите за куќата пак се „отпечатени” на самиот објект. Материјалите за кинеските куќи од друга страна не биле произведени на објектот. Тие биле склопени во област на Шангај. Деловите за куќата се прават од рециклирани градежни материјали и индустриски отпад, информира Gizmodo.

3D печатачот, се користи за изработка на куќите, а истиот е долг 150 метри, широк 10 метри и висок 6 метри. Изградбата на секоја куќа  чинела околу 4 800 долари.

„ Ги купуваме  деловите за печатач во странство и ги поврзуваме во  машината во фабрика во Суџоу,” велат од компанијата. Тие тврдат, исто така, дека куќите, чии материјали се направени на 3D-печатач се еколошки и со пониски трошоци.

- Реклама -