Киндер чоколатцата се канцерогени, побарано повлекување

kinder

Резултатите од тестовите направени од германската организација за заштита на потрошувачите – Foodwatch, покажаа дека чоколатцата Киндер и други два производа се позитивни на опасни супстанци кои предизвикуваат рак.

Апелот за повлекување на Ferrero Kinder Riegel, Lindta Fioretto Nugat Minis и Sun Rice Classic од полиците, Foodwatch го упати во понеделникот, откако тестовите покажаа „можни карциногени супстанци“. Излезе дека слатките се контаминирани со таканаречени ароматични минерални масла (MOAH), но производителот одбива да ги повлече од продажба.

„Производителот е виновен за голема небрежност. Наместо отстранување на опасните слатки од полиците и предупредување на потрошувачите, тие тврдат дека сé било легално“, вели Џон Хеег од Foodwatch.

Организацијата тестираше повеќе од 20 различни видови на чипсови и чоколадни слатки, во кои откри присуство на заситени минерални масла (MOSH), кои, како што предупредуваат, можат да се наталожат во човековиот организам и да предизвикаат оштетување на органите. Притоа, децата се во најголема опасност.

„Не постои прифатливо ниво на минерални масла во храната за консумација“, рече Хеег за германскиот The Local, цитирајќи ја Европската организација за безбедност на храна (EFSA), која според Хеег, ги смета MOAH минералите за „веројатно канцерогени и мутагени“.

На тестот, Киндер Ригел – едни од најпродаваните чоколатца во Германија, покажаа највисоко ниво на присуство и на MOSH, и на MOAH.

Овие хемикалии во храната обично се пренесуваат преку рециклирање на амбалажа на која претходно било печатено со мастила кои можат да содржат масла.

- Реклама -