На брифинг со новинарите, порачувајќи дека „грчките бизниси веќе ја плаќаат цената од штетниот Преспански договор“, портпаролката на грчката опозициска Нова Демократија – Мариа Спираки, соопшти за случај во кој Кина не ѝ дозволила на грчка компанија да го користи терминот „македонски“.
Како што соопштила Спираки, а пренесува дописничката на МИА од Атина, на 23 февруари годинава на неименуваната грчка компанија ѝ било отфрлено барањето за користење на терминот „македонски“ за нејзините производи, со образложение дека за такво нешто ќе ѝ треба дозвола од соседната земја.
Нова Демократија го толкува како директна штетна последица од Преспанскиот договор, а со неговото потпишување, обвинуваат тие, грчката влада дозволила во наредните три години да останат нерешени „прашањата за трговските ознаки и имињата на производите од нашата Македонија“, рекла Спираки.