Кина исчезнува во смог: Се затвораат фабрики, се откажуваат летови

Видливоста во Пекинг падна на само неколку стотина метри.

Граѓаните се жалат на непријатниот мирис во воздухот, а многумина носат маски на лицата.

Kina-Smog-Zagadjenje1-620x350

Кинеските власти наложиле илјадници фабрики ширум земјата привремено да сопрат со работа поради големото загадување на воздухот и смогот кој зафати многу градови и ја загрози здравствената состојба на луѓето, јавија локалните медиуми.

Пекинг е прекриен со густа сива прекривка од смог, а во градот концентрацијата е 2,5 ПМ, што е еден од најважните показатели за загаденоста. Надминува 598 микрограми на кубен метар, додека безбедносното ниво кое го препишува Светската здравствена организација изнесува само 25 микрограми.

Властите во Пекинг наложија прекин со работа на 2.100 фабрики кои се најголеми загадувачи и ги советуваа граѓаните да не излегуваат од своите станови.

Прочитајте и:  „Џон Болтон беше лудак, Путин и Ким Џонг Ун се исплашија од него“, вели Трамп, смета дека може да ги раздели Русија и Кина

Kina-smog-zagadjenje-vazduha

Поради високото количество на смог откажани се повеќе од 30 летови од Пекинг до Шангај, воглавно кон провинцијата Шенси, клучниот кинески произведувач на масло.

Покрај тоа на училиштата во Пекинг им е наложено да не ги пуштаат учениците надвор.

- Реклама -