Во гостувањето на емисијата на Џеј Лено, Ким конечно ги оконча гласините дека Кание Вест планира да го именува нивното дете Норт. Кардашијан освен што кажала дека тоа не е едно од имињата кои двојката го има ставено на листата, открила и кое име е нејзин фаворит. Бремената 32-годишна реалити ѕвезда изјавила дека би сакала нејзиното дете да се вика Истон Вест. Воедно, Ким го искористила гостувањето во шоуто на Лено за да ги искритикува сите оние кои постојано пишуваат негативни критики за нејзината тежина, и изјавила дека смета дека е сурово да се пишуваат такви работи за жена која е бремена.