Ким Кардашијан му понудила на Крис Хамфрис 10 милиони долари за да го прифати разводот. Како што пренесува „Радар Онлајн“, кошаркарот го одбил овој предлог бидејќи инсистира како причина за разводот да се наведе неверството на старлетата.
Поради обврските на кошаркарот, судскиот процес се очекува да започне дури во средината на Јуни, по што изгледа дека на реалити ѕвездата и се здосадило од чекање.
Неодамна Ким изјави дека поради одложувањето на нивниот развод се чувствува како да е врзана со лисици, па веројатно поради тоа била подтикната да го даде милионскиот предлог.
Сепак, понудата се покажала како сосема погрешна, бидејќи кошаркарската ѕвезда е длабоко убедена дека Ким го изневерувала додека тие двајца биле во брак и настојува десетнеделната „фарса“ да се прогласи за неважечка.
Ким во моментов е во врска со раперот Кание Вест со кој очекуваат и бебе. Парот неодамна купи куќа во Бел Ер во вредност од 11 милиони долари. Единствена пречка за остварувањето на нивниот брак е тоа што таа сеуште е официјално омажена со Крис Хамфрис.