Иако обично родителите се тие што викаат по ќерките тинејџерки да облечат нешто попристојно, во семејството Кардашијан нештата се поинакви. Таму таа е „тинејџерката“, а главен критичар ѝ е, пазете, 3-годишниот син Сеинт Вест (во буквален превод: Свети Запад).
Во интервју за „Us Weekly“, Ким вели дека тригодишниот син е невообичаено „заштитнички настроен“ и прилично се вознемирува кога таа „штеди“ на облека на телото.
„Ако облечам нешто секси, трча по мене и вришти: Мамо, покриј се! Мамо! Облечи нешто друго! Едноставно почнува да вришти ако имам деколте, голи нозе или кратко фустанче. Трча и ми носи ќебе“, си признава Ким, која е прочуена токму по нејзината голотија и… и…
Како и да е, Ким не би била Ким ако ваквото однесување на синчето не го протолкува како „слатко“ и нешто што ја засмејува:
„Никогаш не сум видела некој да е толку заштитнички настроен, посебно не на возраст од 3 години. Понекогаш ми вели: Мамо, ова е во ред. Можеш ова да го носиш. Има потреба да го искаже своето мислење и тоа ми е смешно“, додава таа.
Ким Кардашијан и Канје Вест имаат три деца: North West (во буквален превод: Северо-запад), Сеинт и Чикаго (што во превод би било Западен Чикаго).