Ким Кардашијан: Кание ми е приоритет

Kim+Kardashian+and+Kanye+West+

Ким Кардашијан во најновата епизода на реалното шоу „Кортни и Ким го освојуваат Мајами“ му открила на своето семејство дека приоритетите во нејзиниот живот се промениле. Им порачала дека сега, нејзиниот дечко Кание Вест е на првото место.

Епизодата во која Ким објаснува на своето семејство дека Кание и е најважен, е снимена пред објавата дека тие двајца очекуваат бебе.

Реалити ѕвездата имала договорен состанок со раперот кој заради неговите оббврски го откажал, па Ким морала да присуствува на семејниот собир.

Кога на членовите на нејзиното семејство им соопштила ека немала намера да присуствува на традиционалното дружење, нејзината мајка се налутила.

„Ние сме ти резервен план, на второ место сме ти“, прашала Крис Џенер.

Старлетата без размислување одговорила дека во нејзиниот живот, семејството и е на второ место.

И додека Крис и Кортни не можеле да го сокријат разочарувањето, Брус Џенен, очувот на Ким, и порачал: „Јас сум капетан на овој тим, и барам посветеност. За тебе нема веќе место во него, извини.“

- Реклама -