Ким Јонг Ун контроверзниот лидер на Северна Кореја си го пронајде својот двојник и навистина е идентичен.
38-годишниот Кинез Манчу Туан продава брза храна во градот Шенјанг во покраината Лјаонинг и постојано се фотографира со купувачите, бидејќи ненормално потсетува на Ким.
Откако се проширила веста дека тој е негов двојник, му процутел и бизнисот.
Тој вели дека ја забележал сличноста, во моментот кога еден редовен купувач го замолил да се фотографира со него.
Лесен начин да излажете дека сте се фотографирале со претседателот.