Познататa старлета Ким Кардашиан и нејзиното момче, раперот Кание Вест, го открија полот на бебето.
Ким би требало да се породи во јули, а ќе стане мајка на девојче. Веста дека ќе добијат ќерка особено го израдувала Кание, затоа што отсекогаш сакал да биде татко на девојче.
Како што тврди извор близок на двојката за Us Weekly, Ким неодамна рекла дека Кание сака посебна облека за бебето, затоа што нема намера да користи носена што би ја добиле од некого.
„Секој кој барем малку го познава Кание знае колку ја сака модата и верувам дека цела облека ќе биде посебно нарачана. Затоа мислам дека нема да земаме облека што веќе ја носеле децата на сестра ми или на наши пријатели“, рекла Ким.