Актерот Кирил Поп Христов за прв пат после пресудата од една година затвор која му беше одредена за нелегално производство на марихуана, во емисијата „Во недела попладне“ проговори за неговото искуство во затвор.
Кили е познат на македонската јавност по тоа што нема никакви влакна на јазикот и не се плаши да зборува за сето она што го мисли, па така, овој пат, отворено зборуваше за тоа зошто консумирал марихуана, и ги опиша условите во затворските ќелии.
Емисијата „Во недела попладне“ се емитува во живо на телевизија Алфа, секоја недела во 15.30 часот.