Кикирики-бајадера

Ставете ги шеќерот и водата да зовријат, па додадете го маргаринот и мешајте додека се стопи.

Тргнете го садот од рингла и додадете ги кикиритките и 200 гр од бисквитите.

Смесата поделете ја на 2 дела. Во едниот додадете го остатокот од бисквитите, а во другиот додека е смесата уште врела изреднајте го црното чоколадо.

Во сад 20х20 распоредете ја рамномерно црната смеса.

Стопете го белото чоколадо со маслото и премачкајте врз првиот слој.

Откако ќе се здрви внимателно распоредете го светлиот слој со помош на лажицата без многу да притискате.

На крај стопете го и другото 100 грамско чоколадо со маслото и премачкајте најгоре.

Украсете со толчени кикиритки одозгора и оставете неколку часа или преку ноќ во фрижидер убаво да се здрви, па исечете го на коцки или штангли.

Јас го стопив чоколадото за црниот дел и смесата ми дојде помека од светлата, па требаше повеќе време за да се стегни пред да се доредат слоевите.

Доколку ви е полесно со обратен распоред и решите да почните со светлата смеса најдолу, сменете го и редоследот на слоевите со чоколада.

МОИ РЕЦЕПТИ

- Реклама -