Кики повторно прозборе за Илма: Нејзините родители сакаа само пари, победа и слава

Кики Лесендриќ, менторoт на Илма Карахмет, е разочаран од однесувањето на Илма, но верува  дека за тоа се одговорни нејзините родители на  кои  им била  важна само наградата од 200.000 евра, која ќе ја добие победникот на „Икс-фактор“.

– Како музичар и пејач секогаш би помогнал на секој кој има добар глас и талент, без разлика кој е. А, со тоа што Илма беше во мојата група, ми беше посебно драга, уште повеќе бидејќи таа е само дете. Таа има голема вокални способности и непобитен талент, но нема сè друго. Да се биде ѕвезда и да го имаш тој фамозна „икс-фактор“, треба да си роден со него, тоа не се стекнува, а за тоа најдобар показател е Илма – изјавил Кики за српски „Ало“.

Тој вели дека сите големи ѕвезди кои ги познава никогаш не би покаже суета, разочарување или недолично однесување, и затоа тие се ѕвезди. Сепак, според него, Илма го покажа тоа кога испадна од конкуренција.

– Таа беше видливо разочарана, огорчена кон сите членови на жирито, публиката, продукцијата, а нејзиното заминување без поздрав само докажува во што се претвори ова девојче. Сепак, не ја осудувам Илма, таа сè уште не е зрела, но ми пречи што нејзините родители целеа превисоко и веќе ја гледаа како победник. Во нивните мисли беа само победата, парите и договорот кој го добива победникот – вели Кики.

За него, родителите се оние кои ги воспитуваат своите деца и тие се единствено одговорни за нивното однесување.

– Таа сѐ уште има уште многу да учи, бидејќи на патот кон ѕвездите е исклучително тежок и трнлив – додава пејачот.

- Реклама -