Кикенхоф – најголемата цветна градина во светот

Кикенхоф или „Градината на Европа“ претставува огромен парк со цветни насади во околината на градчето Лисе во Холандија. Се работи за најголемата и најубавата цветна градина во светот. 

Според официјалната интернет страница на паркот Кикенхоф, секоја година, во најголемата цветна градина во светот се засадуваат по 7 милиони цвеќиња, на површина од импозантни 32 хектари. Градината се наоѓа југозападно од Амстердам, од каде може да се допатува со автобус за релативно кратко време. Паркот е отворен за посетители од средината на март до крајот на мај, а лалињата се најубави кон крајот на април и во текот на мај (во зависност од временските услови).

 Keukenhof-Park-Netherlands

Местото каде што денес се наоѓа најголемата цветна градина во 15. век било ловиште на холандските благородници. Подоцна, ова место станало извор на билки за кујната на грофицата Јакоба Баварска, поради што го добило и името Кикенхоф (кујнска градина). По смртта на грофицата имотот го презеле богати трговци, а на почетокот на 19. век, баронот и бароницата Ван Паланд најмиле архитекти за да го дизајнираат екстериерот, со што приближно бил добиен денешниот изглед на паркот.

Прочитајте и:  Цинијата - незаменливо украсно цвеќе во градината

Кикенхоф станува цветна градина во 1949 година, кога градоначалникот на Лисе добил идеја да основа трајна изложба на цвеќиња, за да им даде шанса на сите градинари од Холандија да ги презентираат своите хибриди и на тој начин да ѝ помогнат на холандската економија, со оглед на тоа што оваа земја е најголем извозник на цвеќиња во светот. Оттогаш па наваму, Кикенхоф се здобива со епитетот најголема цветна градина во светот.

Кикенхоф уште од отворањето привлекува илјадници туристи секоја година, вклучувајќи и благородници, политичари и славни личности. Секоја посета на Холандија би била непотполна доколку не се види и прекрасната цветна градина Кикенхоф.

 Keukenhof-Gardens

h

800px-Keukenhof_Garden_(14)

Keukenhof-by-Thanh-Bình

holland-tulip-fields1

Текстот е објавен во соработка со Iguana Tours

 

- Реклама -