Кијану Ривс со „Догстар“ го отвори, Здравко Чолиќ со симфониски оркестар ќе го затвори овогодинешниот „Арсенал фест“

Синоќа во Кграгуевац започна четиринаесеттиот „Арсенал фест“, кој традиционално се одржува на крајот на јуни. На првата вечер од фестивалот, синоќа настапија Asian Dub Foundation, Партибрејкерс, Догстар и Бркови.

Најголема ѕвезда на отворањето беше басистот на бендот Догстар, холивудската ѕвезда Кијану Ривс. Ривс е еден од основачите на бендот кој постои од 1991 година.

Организаторите за српските медиуми изјавија дека иако Кијану Ривс е една од најголемите ѕвезди, сепак нивната листа со побарувања била релативно скромна, бидејќи побарале само чиста соба, безалкохолно пиво и ладно саке.

На вториот ден од фестивалот, денес на главната сцена ќе настапат Nouvelle Vague, Бијело Дугме, Коби и Лил Памп, додека фестивалот ќе се затвори утре со Здравко Чолиќ, кој ќе настапи со симфониски оркестар, а по него следуваат настапи на Palaye Royale, Silvert Hoyem и Гоблини.

Покрај главната сцена, на фестивалот има уште две други сцени, Garden и Explosive DJ stage, каде што настапуваат имиња како Кени није мртав, Ничим изазван, Свемирко, Петар Дундов, Војко В, Ритам нереда, Мортал Комбат, Кристијан Молнар, Лету Штуке и многу други.

- Реклама -