Кичево и годинава, петта година по ред, е без новогодишни украси. Најголемо разочарување чуствуваат родителите на деца на помала и предучилишна возраст, кои очекуваат како и во сите градови во земјава и Кичево да блесне во новогодишно руво.
На новинарско прашање на МИА до надлежните лица во Општината, дали ќе има новогодишно украсување, беше кусо одговорено дека и годинава градот нема да биде украсен.
Инаку, Кичево располага со реквизити за новогодишно украсување, кои беа употребувани изминатите години.
МИА