Второосомничениот во „Рекет“ – Зоран Милевски – Кичеец, е тој што ќе одлучи дали неговиот исказ ќе им биде даден на увид на адвокатите на Бојан Јовановски и Катица Јанева, вели неговиот адвокат Александар Новаковски, пренесува „Алсат“.
Искази на обвинетите не се сметаат за докази во постапката, па од тие причини нема зошто исказот на Кичеец да им биде даден на увид на адвокатот на Боки 13 – Сашо Дуковски и адвокатите на Јанева – Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, објаснува Новаковски.
Тој додава и дека одбраната ја гради според насоките од неговиот клиент, посочувајќи дека одбраната не мора да биде иста за сите осомничени во случајот. Повеќе ТУКА.