Kia Optima во топлес верзија за Sema

Корејската компанија Kia ќе претстави кабриолет верзија на новата генерација Optima на специјалното мотор шоу во Лас Вегас, во САД.
Моделот за SEMA е базиран на претставената пред неколку месеци четврта генерација на седанот. Тој е опремен со дополнителна конструкција, која обезбедува потребната цврстина на шасијата, инаку компромитирана од исчезнатиот фиксен покрив. Тој се витка, но во моментот нема информација дали е од ткаенина или метален. Отворената Kia Optima е инспирирана од крајбрежните американски автопати, а е опремена со уникатна сина боја. Моделот добил исто така редуктивна суспензија Ksport, пократко ветробранско стакло, беж кожен ентериер, тјунирани браници и уникатни тркала. Четирите врати се задржани, но кај оваа модификација тие се отвараат во различни насоки.

305_Kia-1000-1
За погонот на моделот одговара 2.0-литарски бензински мотор со турбо, кој во сериската верзија развива 245 КЅ и 352 Nm. Во овој случај, сепак моќта е малку зголемена, бидејќи агрегатот е опремен со спортски издувни системи, се вели во информациите од Kia.

Optima Cabrio, како што е името на модификација, нема да се појави на пазарот. Моделот е создаден специјално за SEMA каде Kia ќе покаже и ултимативно верзија на кросоверот Sorento. Потсетуваме дека во наредната година очекуваме верзија на новата Optima, која ќе биде сериска и ќе се нуди глобално.

/Автоплус

- Реклама -