Енди Керол замина во Вест Хем

Дури 44 милиони евра скапото засилување за Ливерпул од минатата година сепак се покажа како тотално промашување.

Вест Хем на последниот ден од преодниот рок го доби 23-годишниот Енди Керол како позајмен фудбалер од „Црвените“, до крајот на сезоната.

Договорот меѓу клубовите е Вест хем да плати 1,5 милиони фунти за позајмицата на голгетерот, целосно да ја покрие неговата плата од 80.000 фунти неделно, а доколку „Чеканите“ обезбедат опстанок во елитата, тогаш се обврзани следното лето да му доплатат на Ливерпул 21,5 милиони евра за целосен откуп на договорот на Керол.

Керол во сезона и пол собра 44 настапи за Ливерпул, притоа постигнувајќи само шест гола. Во времето кога играше за Њукасл, англискиот репрезентативец редовно ги тресеше противничките мрежи.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд
- Реклама -