Ќерката на Мадона продава гардероба во “second hand“ продавница

Нејзината мајка е една од најбогатите пејачки на денешницата, чие богатство се проценува на 520 милиони долари, но тоа не ја спречува нејзината ќерка да биде штедлива со парите и со гардеробата. Мадона и Лордес имаат доста специфичен вкус за мода, па затоа низ улиците на Њујорк се прошета во жолто, летно фустанче и жолти патики, со многу накит на себе, без шминка. Таа сепак изгледа урбано и шик, посебно поради специфичната сива боја на коса.

lourdes-leona-yellow-dress-2

19 – годишната девојка навистина потсетува на својата мајка додека е забележана како на улица носи тешки торби полни со гардероба. Оваа креаторка која е во подем ја носи својата гардероба во еден урбан бутик кој продава половна гардероба. Како права модна девојка не успеа а да не си купи неколку парчиња облека и за себе.

lourdes-leona-yellow-dress-5 lourdes-leona-yellow-dress-5 (1)

Мадона и нејзината ќерка заедно работат на модната колекција Material Girl, која оваа година ја прослави својата петта сеозна.

- Реклама -