На проектот „Self Evident“ му се приклучија сите кои за себе можат да кажат дека не се целосно хетеросексуалци.
Лили Роуз (16) е ќерка на актерот Џони Деп и пејачката Ванеса Паради, и се приклучи на Инстаграм проектот „Self Evident Truths” кој за цел има да фотографира повеќе од 10.000 луѓе кои претставуваат различни сексуални ориентации.
Фотографијата од Лили Роуз на Инстаграм ја објави нејзин пријател и креатор на проектот, а во коментарот навел:
– Многу сум горд на оваа девојка. Таа одлучи да биде дел од проектот „Self Evident Truths” бидејќи го најде своето место во широкиот спектар на сексуалната разновидност. Многу сум среќен што стана дел од нашето семејство- напиша тој.
Освен овој гест, младата Лили се идентификуваше како припадник на LGBT или LGBTQA популацијата.
LGBT односно LGBTQA се акроними кои се однесуваат на лезбејки (Lesbian), хомосексуалци (Gay), бисексуалци (Bisexual), трансексуалци (Transgender), но и на оние кои се уште се во потрага по својот сексуален идентитет (Questioning), и на оние кои ги поддржуваат LGBT иако не припаѓаат на таа популација (Ally).