Кејти Холмс ја напушта глумата за да стане адвокат?

katie-holmes-for-bobbi-brown-spring-summer-2013-campaign-650x431

Познатата холивудска актерка, Кејти Холмс размислува за тоа да ги замени сценските рефлектори, со оние од судниците, бидејќи сака на нејзината ќерка да и биде достоен пример.


„Кејти се измори од актерската работа, но пред се, сака со промената на нејзината професија да и биде достоен пример на Сури“, изјавил нејзин близок пријател.

Тој исто така додал дека смета дека една од причините за тоа што Кејти сака да се запише на Правен факултет и да стане адвокат, е за да го одтргне медиумското влијание од нејзиниот приватен живот и приказните за разводот од актерот Том Круз.

Глумицата е примена на факултетот, но уписот го одложила за малку подоцна, поради снимањето на ТВ емисијата „Кирк Додсон“.

Таткото на Кејти, Мертин, е исто така адвокат и има своја приватна фирма.

- Реклама -