Кејти Холмс има ново момче

Како што наведуваат блиски извори, иако е се уште рано да се зборува за врска, Кејти започна да се забавува со познатиот њујоршки музичар, Питер Чинкоти.

Откако пред девет месеци се разведе од сопругот Том Круз (50), актерката (34) се уште ја немаа видено со друго момче. Меѓутоа, на прославата за 25 годишнината на дневниот весник „New York Observer“ пред две недели, го запозна џез пејачот Питер Чинкоти (29). Американските медиуми пренесуваат дека оттогаш парот е неразделив.

article-2302740-190AE2AD000005DC-492_306x688„Се уште е рано да се зборува за тоа дали нивната врска е сериозна, но постојано се гледаат. Кога Питер сфати колку многу заеднички работи имаат, се заљуби“, изјавил негов пријател за магазинот „Grazia“.

Американскиот пејач, текстописец и џез музичар е нејзин голем обожавател, а пред три години присуствувал и на премиерата на филмот „The Extra Man“, само за да ја види во живо актерката.

И додека се зближува со новото момче, со поранешниот сопруг сеуште се расправаат за нивната заедничка ќерка, Сури. Имено, Кејти не сака нејзината ќерка да лета од Њујорк за Лондон, каде Том снима филм, туку инсистира тој да доаѓа до Америка за да ги поминуваат заеднo викендите.

 

- Реклама -