Кејт Мос – 25 години на пистата

Британскиот супер модел Кејт Мос годинава ја прославува 25 годишнината од својата кариера на модните писти!

Муза на голем број креатори, икона на стилот, креатор и едноставно жена со поинаква харизма – Кејт Мос не престанува да воодушевува со своите храбри појави. Кариерата ја започнува на крајот на август 1988 година кога на њујоршкиот аеродром 14 годишната девојка ја забележува модната агентка Сара Дукас која сеќавајки се на првата средба вели дека тогаш Мос изгледала навистина полетно, набаре е проѕирна!

corinne-day-kate-moss-summer-of-love-19901_905 kate moss 2

Младата ѕвезда потпишува договор со модната агенција, но истовремено страда од низа комплекси поради својата машка фигура, тенките раце и рамните гради со оглед на фактот дека во тоа време на пистите блескале Синди Крафорд и Линда Евангелиста.

1 kate1

Почетоците на Кејт Мос се запишани со деби настапот во шоуто на Џон Галијано во Париз и насловната на магазинот  „The Face“. Оттогаш нејзините модни ангажмани не запираат. Во моментов таа е една од најплатените модели во модниот бизнис, односно трета на листата според „Forbes“, а нејзината колекција за брендот  „TopShop“ бележи невиден успех!

254699-big tumblr_lg0o99DE6C1qzeqpuo1_500

- Реклама -