Зошто Кејт Мос повеќе не е модна икона

Откако на венчавката на Џејд Џегер познатата манекенка Кејт Мос се појави во фустан во кој не изгледаше баш најдобро, многу модни критичари се запрашаа дали таа и понатаму заслужува да ја носи титулата на икона на стилот.

Пред околу недела дена на свадбата на Џејд Џегер, Мос која веќе со години ја носи титулата на модна икона, ги изненади гостите, но и критичарите, со комплетно промашен стајлинг. Иако манекенката одбра фустан со потписот на Александар Меквин, тесниот модел со тантела во црна и во крем-боја не ја претстави нејзината фигура во најдобро светло.

Истовремено, Кејт изгледаше малку неуредно и несредено, со оглед на тоа што на нејзиното лице немаше речиси никаква шминка, а нејзината фризура изгледаше како таа тукушто да станала од спиење и да заборавила да ја исчешла косата.

Маријен Пауер за Daily Mail пишува дека не памети кога последен пат ја видела Мос во блескаво и комплетно скоцкано издание, и постојано останува разочарана од нејзините катастрофални модни избори.

Прочитајте и:  Скромниот кројач од Скопје кој стигна до најлуксузните модни куќи во Париз

Во последните дваесет години Кејт безброј пати беше вистинска предводничка на голем број модни стилови и трендсетерка за пример. Ретко кој може да го заборави проѕирниот фустан што таа го носеше кога имаше само 19 години, а кој предизвика вистинска бура на проѕирна облека низ светските проданици. Исто така, таа го популаризираше и денес најлежерниот секојдневен тренд – тесни фармерки и балетанки, а благодарение на неа, жените во зима почнаа да носат шорцеви со дебели хулахопки и чизми.

За жал, во последно време, кога се модата и стилот во прашање, Кејт не може да се пофали со позитивни оценки, а според пишувањето на Daily Mail, нејзиниот пад во светот на модата се случил во текот на минатата година. Kако еден од катастрофалните примери, весникот го посочува синиот фустан на Кејт, што таа го носеше со чизми од антилоп во истата боја, со што стана многу лоша копија на некоја од дизниевите принцези.

 

- Реклама -