Кејт и Вилијам сакаат уште едно дете

Кралскиот пар сака нивниот син Џорџ што побрзо да добие брат или сестра.

Како што наведува „Daily Star Sunday“ парот едвај чека да направи уште едно бебе, затоа што сакаат да имаат големо семејство.

 

„Кејт сака уште едно бебе, што побрзо, за нивниот сим да има братче или сестричка“, се наведува во магазинот.

Сепак, покрај толку обврски и внимание од медиумите планирањето за ново бебе е предизвик за младиот пар.

„Многу се зафатени, но гледаат да го распоредат своето време така што ќе најдат простор за ново бебе. Тие навистина сакаат да биде многу мала рзликата  помеѓу принцот Џорџ и новото бебе“.

Очигледно втората бременост за Кејт нема да биде проблем со оглед на тоа што војвотката од Кембриџ својата линија успеа да ја врати по само еден месец од раѓањето на принцот Џорџ.

 

- Реклама -