Kејт Хадсон топлес на насловната на „Гламур“

Кејт Хадсон се појави на насловната страна во новиот број на магазинот „Гламур“ во топлес издание, а критичарите веќе ги изнесоа коментарите дека ваквата страна повеќе наликува на „Плејбој“ одошто на моден магазин.

Освен „главната“ фотографија на која Кејт ги крие своите гради само со раката, таа и на останатите слики кои се наоѓаат во внатрешноста на списанието изгледа премногу провокативно.

Во интервјуто кое таа го дала за магазинот, истакнала како не се плаши да ризикува во животот, но и дека мора да го надмине стравот од славата и популарноста за да би можела да ужива во актерската улога.

- Реклама -