Таа не е новитет за насловните страници но ова е дефинитивно нејзиното најгламурозно издание до сега. Раскошната убавица Кејт Аптон се најде на насловната страница на јунското издание на бразилскиот „Vogue“. Иако ова не е прв пат Кејт да позира за престижниот магазин, сепак, модните критичари ова го окарактеризираа како најголемото достигнување во кариерата на 21-годишниот супер модел.